Новиот Ауто Тренд центар во функција

Новиот продажен центар на Ауто Тренд 1 – на ул. 1409 бр.93А (во непосредна близина на мостот на Лепенец) кај Злокуќани започна со работа.

Како овластен LIQUI MOLY Shop во него можете да најдете моторни масла, адитиви и сервисни препарати од Најдобриот бренд во Германија (13 години по ред).

Дополнително, во палетата на Ауто Тренд можете да најдете и филтри за возила (Ауто Тренд е увозник на премиум филтрите од Францускиот производител PURFLUX), гуми, акумулатори и други авто делови.

Во Ауто Тренд можете да купувате и со кредитни картички, а во функција е и специјалниот брз потрошувачки кредит во соработка со Силк Роад банка.

Ако преферирате вашата порачка да ја добиете на домашна адреса – и за тоа имаме опција преку нашиот web shop.

За повеќе информации јавете се на тел. 070 35 88 06