HaynesPro

HaynesPro

HaynesPro е најдобрата софтверска алатка за независните сервисни работилници, во која можете да најдете милиони технички податоци и информации за најголемиот дел на возила на европскиот и светски пазар.

HaynesPro има огромно искуство (историја од 25 години) и поседува неколку врвни апликации со кои директно им помага на компаниите од автомобилскиот афтермаркет (сервиси, продавници за делови и компоненти, авто експерти)

Во онлајн апликацијата на HaynesPro, која секојдневно се апдејтира и ги содржи најновите инфоромации, можете да најдете технички информации, сервисни планови, информации за работното време, цртежи, упатства и прирачници за многу операции, електрични шеми… А со специјалниот “мудар” модул (VESA) со едноставно внесување на кодот на грешка, можете да добиете информации но и упатства за проблемот во возилото и начинот на кој можете истиот да го решите.

На тој начин со Haynes Pro Workshop Data ќе заштедите многу време и пари, но и ќе го зголемите задоволството на клиентите бидејќи брзо ќе го утврдите проблемот и ќе го отстраните истиот – од прва!

ГББ дооел Скопје –  е официјален дистрибутер на HaynesPro во Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.

Со најнови информации

Податоци од производителите

Со софтверските решенија на HaynesPro независните сервисери и сервисни работилници добиваат пристап до податоци, кои се неопходни во процесот на одржување и сервисирање на патнички возила, лесни комерцијални возила и камиони.

Со лиценцата добивате илјадници технички информации, цртежи, прирачници, технички билтени, податоци од отповикувањата на возилата (recall-ови).

Притоа податоците се прибираат директно од производителите на возилата, поради што се точни, прецизни, секогаш апдејтирани и систематизирани во едно софтверско решение кое е онлајн.

За користење на софтверот неопходен ви е компјутер (или таблет), интернет и активен профил (username и password) обезбедени во ГББ.

Haynes Pro е одлично решение кое може да се користи и во продажбата и дистрибуцијата на резервните делови.

Прегледно и лесно за користење

two_laptops_tech_alt2

Онлајн решение

Со претплата на HaynesPro – добивате линк, корисничко име (username) и лозинка (password) со кои директно се логирате на веб решението.

Софтверот е секогаш свеж, апдејтиран и наполнет со најнови информации – за најновите возила на пазарот.

Корисничкиот профил останува на важност – 12 месеци од денот на регистрација.

HaynesPro може да се набави во три софтверски пакети :

  • HaynesPro WorkshopData™ Tech

  • HaynesPro WorkshopData™ Electronics

  • HaynesPro WorkshopData™ Smart

Во соработка со колегите од HaynesPro креиравме и специјално решение за нашиот пазар со вклучени повеќе модули за комплетна и прецизна работа.

Вашиот Tec Doc каталог можете да го користите на англиски или српски јазик…

Фрлете ги старите пиратски цд-а, деинсталирајте го пиратскиот софтвер од хард дискот на вашиот компјутер. Се што ви треба е онлајн браусер и интернет.

Со вашите username и password, имате пристап до сите најнови информации за моторни возила на пазарот.

Видео

Порачај претплата на Tec Doc

Aкција!

ден 54,790.00 ден 21,000.00

Најдобриот и најпрегледен софтвер (онлај апликација) за независни сервисери. Со технички податоци, цртежи, мрежни дијаграми, водена дијагностика…

Категорија:

Најдоброто онлајн софтверско решение за независните сервисни работилници, сега и во специјално скроен пакет за нашиот регион.

Со вклучени софтверски пакети:

HaynesPro WorkshopData™ Tech

Клучниот модул на WorkshopData апликацијата. Овој модул вклучува екстензивна идентификација, информации за поправки и одржување, се на ваше располагање.

Вклучува:

  • Идентификациски податови
  • Одржување
  • Податоци за прилагодување
  • Масла и течности
  • Прирачници за поправка
  • Отповикувања
  • Времиња на поправка
  • Технички цртежи.

HaynesPro WorkshopData™ Electronics

Им помага на техничарите да ги идентификуваат, лоцираат и решат грешките на електричниот систем и компоненти користејќи интелигентни апликации на податоци како нашиот  Vehicle Electronics Smart Assistant (VESA™).

Вклучува :

  • VESA™ (Водена дијагностика)
  • Прегледни Мрежни фијаграми
  • Осигурачи и релиња

Напомена – во цената не е вклучено ддв

Дополнителна можност во октомври – плаќање на 4 месечни рати по 100 евра!

Како можеме да ви помогнеме?

Побарајте не на нашите телефонски броеви или пратете ни e-mail

Побарајте не за информација, презентација и понуда