
TecDoc Catalogue
TecDoc Catalogue е најдобриот и најупотребуваниот онлајн каталог за резервни делови во светот. Го користат сите автоексперти – сервисери, механичари и вработени во специјализираните бизниси за резервни делови – дистрибутери и продавници за делови. Со TecDoc Catalogue можете брзо, ефикасно и прецизно да ги најдете оригиналните каталошки броеви на резервните делови со кои полесно и побрзо ќе ги услужите вашите клиенти.
Во TecDoc Catalogue ќе ја најдете најголемата датабаза – прибрана и систематизирана од 700 производители на резервни делови, со повеќе од 7 милиони каталошки броеви и резервни делови, со покриени – 60.000 патнички возила, 40.000 комерцијални возила… Датабаза која континуирано се зголемува и обновува.
Со бројните филтри и опции, најлесно и најбрзо ќе дојдете до оригиналниот каталошки број што ви треба. Пребарување по марка и модел на возило, број на шасија, име на делот што ви треба, каталошки број на делот… Бројни интуитивни опции, слики, графици и шеми со кои брзо ќе стигнете до бараната информација.
ГББ дооел Скопје – е официјален дистрибутер на Tec Doc во Македонија.
Со најнови информации

Оригинални каталошки броеви
Со TecDoc Catalogue, на секое продажно место брзо и ефикасно ќе ги пронајдете сите оригинални делови за возилото, по оригинални каталошки броеви (на производителите на делови), а во голем број случаи и по оригиналните каталошки броеви на производителите на возила.
Податоците се збогтени и со технички цртежи, информации, димензии и видео материјали, со кои се овозможува да ги пронајдете вистинските делови – од прва.
Прегледно и лесно за користење

Онлајн решение
Со претплата на TecDoc Catalogue- добивате линк, корисничко име (username) и лозинка (password) со кои директно се логирате на веб решението на најдобриот каталог за резервни делови. Каталогот е секогаш свеж, апдејтиран и наполнет со најнови информации – за најновите возила на пазарот.
Корисничкиот профил останува на важност – 12 месеци од денот на регистрација.
До потребните каталошки броеви и технички податоци за резервните делови можете да дојдете преку неколку критериуми (филтри) на пребарување :
- Производителот на возила
- Моделот на возило
- VIN број (Број на шасија)
- ОЕМ број
- Бројот на производителот на делот
- Број на моторот
Вашиот TecDoc Catalogue можете да го користите на повеќе јазици, како што се – англиски, германски, италијански, српски, хрватски…
Фрлете ги старите пиратски цд-а, деинсталирајте го пиратскиот софтвер од хард дискот на вашиот компјутер. Се што ви треба е онлајн браусер и интернет.
Со вашите username и password, имате пристап до сите најнови информации за оригиналните резервни делови на пазарот.
Порачај претплата на TecDoc Catalogue
Original price was: ден 15,000.00.ден 13,100.00Current price is: ден 13,100.00.
12 месечна претплата на најдобриот онлајн каталог за резервни делови.
Теc Doc е најпознатиот каталог за резервни делови на светот. Најновата верзија на Tec Doc се користи онлајн (на интернет) и е секогаш апдејтирана со најнови податоци кои се доставуваат од производителите на возила и на резервни делови.
Со Tec Doc можете лесно, брзо и прецизно да ги најдете каталошките броеви на сите резервни делови за возила. Пребарувањето се прави со повеќе филтри (производител на возила, модел, технички спецификации…) а резултатите од пребарувањето доаѓаат заедно со технички податоци, графици и слики кои ќе ви помогнат да избегнете грешки во пребарувањето.
Цената на производот е 180 евра + ддв (или 13.100 ден)




