Промоција! Теc Doc Каталогот, пробајте го бесплатно 30 дена!

Официјалниот TecAlliance Partner за Македонија, фирмата Ауто Тренд од Скопје, за своите клиенти подготви нова промотивна акција.

Најпознатиот и најквалитетниот каталог за резервни делови TecDoc Catalogue, во оригинална верзија, на интернет, со континуирани и секојдневни апдејти, можете да го пробате – БЕСПЛАТНО!

Kaко до Бесплатен кориснички профил активен 30 дена?

Со едноставно јавување и регистрирање на тел. 070 35 88 06, или на e-mail адресата : info@autotrend.mk, имате можност да добиете БЕСПЛАТЕН кориснички профил, кој ќе остане активен и ќе можете да го користите во период од 30 дена.

За отворање на вашиот кориснички профил, потребно е да ги доставите следните податоци :

  • Име на фирмата
  • Дејност
  • Адреса
  • Контакт телефон
  • е-маил адреса, на корисникот на софтверот

За многу кратко време, ќе ги добиете основните параметри – корисничко име и лозинка (password) со кои ќе можете да пристапите до каталогот за резервни делови.

Кои се предностите на оригиналното TecDoc решение?

Во оригиналното решение на TecAlliance имате многу информации, многу поголем избор на производители на резервни делови, корисни алатки за пребарување (по возило, модел, шифра на резервниот дел)…

Фото – screenshot од ТеcDoc Каталог, фото преглед на резервни делови
  • Решението е онлајн, за него не треба да правите инсталации на сомнителни фајлови, и дополнително да го оптоварувате хард дискот на вашиот компјутер. Се што ви треба е само интернет.
  • Апдејтите се прават буквално секој ден, па можете да очекувате делови и за најновите возила на европскиот и светски пазар.
  • Kaталогот можете да го користите на лап топ, деск топ, таблет или мобилен телефон.
  • Каталогот можете да го сетирате на повеќе јазици, меѓу кои и англиски, српски, хрватски…
  • Пребарувањето може да се направи рачно (со избор на моделот на возило) но и со внесување на бројот на шасија.
  • Можете да пребарувате и директно, според каталошкиот број на делот (оригинален или од друг афтермаркет производител).
  • Пребарувањето е можно и преку графичкиот преглед на возилото.
  • За поголема прегледност можете да филтрирате – по име на делот, по име на производителот.
  • Предноста на оригиналниот TecDoc е што добивате многу поголем број на производители на резервните делови и компоненти, за разлика од онлајн каталозите на дистрибутерите на делови во земјата.
  • Во Каталогот, можете да видите и кои течности (моторни масла, масла за менувач, антифриз, глицерин) од кој производител и со какви спецификации се соодветни за пребаруваното возило.
Фото – screenshot од ТеcDoc Каталог, графички преглед на резервни делови

Што по истек на бесплатниот период?

По изминување на 30-те дена, вашиот кориснички профил ќе биде деактивиран.

Доколку вашето искуство од софтверот е позитивно, секако, имате можност да се претплатите за користење на Каталогот Tec Doc, на период од 12 месеци (една година).

Цена на годишната претплата

Цената на годишната претплата на оваа исклучително корисна алатка за секој дистрибутер, продавач на делови или сервисер, изнесува 170 евра + ддв (12.340 ден).



18 коментари

Comments are closed.