Tec Doc, софтвер за авто делови и повеќе од тоа

Ауто Тренд, на пазарот во Македонија го нуди официјалното онлајн решение на TEC ALLIANCE, добро познато во светот на професионалците (сервиси и продавници за делови) како – TecDoc.

TecDoc е онлајн каталог за резервни делови во кој можете брзо, лесно и едноставно да ги најдете шифрите, односно каталошките броеви, на повеќе производители (како и техничките спецификации и слики) на резервните делови за најголемиот број на возила и модели на пазарот.

А ако успевате брзо и лесно да ги најдете компонентите кои ви се потребни, и притоа да ги минимизирате евентуалните грешки, сте завршиле огромен дел од својата работа.

Фото – Принтскрин од решението TecDoc, со пребарување на филтри FILTRON

Официјално онлајн решение

За разлика од пиратските верзии на овој софтвер кои циркулираат на пазарот, со ова решение, потребен ви е само интернет, па со едноставно логирање со корисничко име и лозинка (password), во секој момент и од секој уред можете да се логирате на официјалното онлајн решение на TecDoc.

Со ова, прво се надминува проблемот и веќе не мора да инсталирате пиратски TecDoc верзии на вашиот хард диск со кои ќе ја оптоварите меморијата на вашиот компјутер.

Второ, кaj пиратските инсталации, реална е опасноста да го инфицирате вашиот компјутер со разни вируси и проблематични тракери.

И трето, добивате онлајн решение кое континуирано се обновува и апдејтира со најнови информации.

Повеќејазична верзија

На почетокот, како и во текот на користењето, можете вашиот каталог да го сетапирате на повеќе јазици, меѓу кои може да се најдат и најчесто се користат на нашиот пазар – англискиот, српски или хрватски јазик…

Годишна претплата

Право на користењето на софтверот можете да го добиете со едноставна 12 месечна претплата во Ауто Тренд, по исклучително поволна цена од само 160 евра плус ддв (цената е актуелна во моментот на изготување на написот).

Пребарување по модел и број на шасија

Со логирање на хоум пејџот, веднаш можете да вршите пребарување на резервните делови со внесување во дроп менито на податоците за возилото за кое барате делови и компоненти (производител, модел, тип на моторот)…

Фото – Tec Doc

Истата опција, со за нијанса побрзо и прецизно пребарување можете да го направите и преку внесување на бројот на шасија (впишан во сообраќајната дозвола на вашиот клиент).

Фото- Tec Doc пребарување по број на шасија

А по дефинирање на возилото и моделот, добивате фотографија и технички спецификации од возилото, како и комплетно мени на компоненти и склопови кои ги пребарувате… Филтри, делови за сервисирање, електрика, греење/вентилација, ремени, каросерија, систем за кочење…

Со секое избирање го стеснувате изборот и сте за чекор поблиску до информацијата што ви треба.

Фото – Tec Doc, алатка за лоцирање на каталошките броеви и спецификации на деловите

Се разбира, ако пак, го знаете каталошкиот број на одреден дел (или ги имате каталошките броеви на оригиналните делови) можете веднаш истите да ги внесете во полето за смарт пребарување по што ќе ја добиете листата на соодветни (идентични) делови од други афтермаркет производители (како што се на пример – Bosch, Magneti Marelli, Purflux, Filtron, Valeo…)

Преку повеќе смарт филтери, можете да ја стесните својата претрага и брзо да дојдете до производителот за кој сте заинтересирани.

Можност за брзо графичко пребарување

Пребарувањето можете да го правите и преку графичката претрага, со која визуелно и побрзо, експертите може да дојдат до каталошките броеви на одредени склопови и компоненти.

Фото – Графичко пребарување

Добиените каталошки броеви можете лесно да ги копирате и пренесете во друга апликација (евентуално во каталозите, ценовниците или веб шоповите на вашите добавувачи на резервни делови).

Извор и на технички податоци

За прв пат во Македонија, со годишната претплата на TecDoc, добивате и експериментално право на кристење на алатката TecRMI во која имате пристап до бројни технички податоци за секое возило во базата.

По дефинирање на моделот и кликање на иконата TecRMi, пред вас се отвара структуирано мени во кое имате информации од повеќе теми и системи во возилото.

Фото – бројни технички и сервисни информации

Ако во тоа мени го изберете подменито – Одржување/ работни материјали, и понатаму го стесните изборот на Работни материјали/течности доаѓате до вредна информација какви течности (моторни масла, масла за менувачи, масла за волан, антифриз…) користи предметното возило.

При тоа е наведена спецификацијата на течностите, оригиналниот каталошки број, како и конкретните производи од конкретни производители на течности кои одговараат на возилото. Се разбира, овие податоци се проследени и со податокот – колку на предметното возило му се потребни одредени течности.

Одлична алатка за продажба на секој сервис или продавница за делови, нели?

Фото – видови,спецификации, количина и производи (течности, масла, масла за менувач)

Помалку искусните мајстори, може да добијат бројни информации и графички илустрации за тоа – каде се наоѓа приклучокот за дијагностичкиот интерфејс, каде се лоцирани одредени склопови во возилото, осигурувачи и сл.

Фото – технички скици и илустрации

За голем број возила, сервисерите може да најдат вредни информации за вредностите од шифрите (кодови на грешки). Што истите значат и како најлесно да се отстранат.

Фото – Кодови на дијагностички грешки

На крајот, доаѓаме до одлична алатка, во која лесно можеме да добиеме комплетен преглед на сервисните активности кои треба да се превземат на одредено возило (според годината на призводство и бројот на изминати километри).

Дополнително, во овој принтан или електронски материјал, кој може да се персонализира со податоци за клиентот и неговото возило, ќе добиете и целосен преглед и вкупна бројка на работни часови и материјали кои треба да ги искористите во процесот на редовно одржување.

Фото – преглед на потрбни сервисни интервенции со работно време

Со сите претходно прикажани детали од TecDoc каталогот, јасно е дека за исклучително скромна сума од 160 евра, добивате одлична алатка за вашиот бизнис.

Задоволни корисници

Во земјата, TecDoc каталогот на Ауто Тренд го користат над 20 професионални корисници – дистрибутери на делови, продавници, сервиси… а бројката од ден на ден се повеќе се зголемува.

Повеќе информации

За повеќе инормации и порачки, можете да се обратите во Ауто Тренд, официјален TecAlliance Партнер за Македонија, на овој линк, како и на тел. 070 35 88 06