Haynes Pro за само 300 евра

Ауто Тренд, само во месец Април 2024 година, Ви ја нуди едногодишната претплата на софтверот Haynes Pro за само 300 евра!

Оваа претплата со која добивате пристап до огромна база на податоци за одржување и сервисирање на моторни возила, ќе ви помогне да дојдете до многу информации, упатства за одржување и сервисирање на модерни моторни возила, графици, шеми, па дури и калкулатори со кои можете брзо и едноставно да им направите понуда за сервис на вашите клиенти.

Од јасно дефнираните сервисни постапки (сервисни интервали) кои треба да се направат на возилото (според годините и изминати километри), до графички инструкции за многу работи (како да пристапите до одредени склопови, како да замените ребрест каиш, што може да е причината за одредени дефекти и како да ги решите истите…), информации за типот на моторно масло, масло за менувач, антифриз… сите овие информации ви стануваат достапни и ќе ви ја олеснат и забрзаат работата во вашиот сервис.

Во претплатата го имате механичарскиот дел, но и податоците, графиците и цртежи за електроника и мрежи на моторните возила (одлична алатка за електроничарски сервисни работилници) која ќе ви помогне околу лоцирање на мрежите, осигурачите.

Овој софтвер претставува алтернатива на офицјалните софтверски решенија, до кои имаат пристап само овластените сервиси.

Разликата во Haynes Pro е дека со претплатата дефакто добивате пристап до речиси сите возила на пазарот (не само до одредени брендови).

Повеќе информации за Haynes Pro можете да најдете на следниот линк.